Русија преку пенали до бронзата на Светското првенство во хокеј, Финска и Канада во финалето

112

Репрезентацијата на Русија го освои третото место и бронзениот медал на хокеарскиот Мундијал во Словачка, откако попладнево ја совлада Чешка со 3:2, по пенали.

Резултатот по трите третини беше 2:2.

За Русија ова е трет бронзен медал во последните четири години. Русите беа трети на големите натпреварувања и во 2016 и 2017 година, а во 2018 останаа без медал.

Вечерва од 20 часот и 15 минути почнува финалето на СП во кое се среќаваат Финска и Канада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...