На улицата „5“ во село Визбегово, при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, Д.П.(42) починал од струен удар, било пријавено во СВР Скопје вчера во 12,10 часот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.