Четворица повредени во судир на такси возило и „бмв“ на „Борис Трајковски“

418

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на булеварот „Борис Трајковски“ во која се судрија „бмв 320 ци“ и „фолксватен пасат“- такси возило.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека ноќеска во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “бмв 320 ци“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(38) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки (такси возило), управувано од Г.П. (48) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А.(18) и уште едно лице на возраст од 14 години кои со  возило  на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Возачот Ј.П. се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...