Прогласени шампионите во Детски лиги за сезона 2018/2019

161

ФК Вардар, ФК Прилеп, Академија Пандев и Њу Старс се шампиони на завршниот турнир на ФФМ Детски Лиги за сезона 2018/19.

Пехарите за најдобрите четири екипи во сите шест категории беа доделени од легендата Кочо Димитровски и Дени Масев.

Екипата на Вардар беше науспешна со три освоени титули и тоа во категоријата родени 2006, 2007 и 2008 година. ФК Прилеп е прогласен шампион во категорија родени 2009-та; додека Академија Пандев се прваци за фудбалерите родени во 2010 година. Во најмладата категорија, родени 2011-та, шампион стана екипата на Њу Старс.

Индивидуалните признанија за најдобар стрелец ги понесоа следните играчи: Алтин Алију 2006 (Вардар), Марко Блажевски 2007 (Кул), Дитмир Хоџа 2008 (Јанг Тим), Јоаким Ѓорѓиев 2009 (Постолов), Ерхан Цома (Јанг Тим) 2010 и Енез Ферати 2011 (Њу Старс).

Беа доделени признанија и за најдобар голман, а добитници се: Андреј Данстак 2006 (Вардар), Антонио Пишевски 2007 (Вардар), Лука Грчевски 2008 (Вардар), Петар Талевски 2009 (Прилеп), – Евгенија Велјановска 2010 (Биџо) и Лука Марковски 2011 (Њу Старс).

Наградите на најдобрите стрелци, им ги доделија репрезентативците на Македонија Александар Трајковски и Кире Маркоски, додека на најдобрите голмани, тренерот на голманите во нашата најдобра селекција Гого Јовчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...