Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“.
– Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот, беше утврдено дека се бара со меѓународна потерница. Потерницата е издадена од канцеларијата на Интерпол, Софија по барање на Судот во Благоевград, Бугарија, за кривично дело за кое бугарскиот кривичен законик предвидува максимална затворска казна во траење од осум години, стои во полициското соопштение.
За понатамошно дејствување информирана е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Бугарија.