На Граничниот премин Табановце за излез од Р.С.Македонија денеска, 10 минути по полноќ, при извршена пасошка контрола на Ј.A.(36) државјанин на Р.Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот. Со него бил извршен разговор и кажал дека се вика B.O.(36) државјанин на Р.Турција. Патната исправа била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Турчин со фалсификуван бугарски пасош фатен на Табановце
loading...