Пет ракометари плус тренерот Раул Гонзалез се најдоа меѓу најдобрите во изборот на СЕХА за оваа сезона. Гласаа капитените на десетте екипи учеснички.
За најдобар голман најмногу гласови доби Иван Пешиќ (Мешков Брест).
Најмногу гласови за лево крило доби Тимур Дибиров (Вардар).
Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб).
Пивотмен: Жарко Пешевски (Металург).
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар).
Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар).
Десен бек: Даинис Криштопанс (Вардар).
Специјалист за одбрана: Илија Абутовиќ (Вардар).
Тренер: Раул Гонзалез (Вардар).
Во категоријата за најкорисен играч – МВП победник е Лука Циндриќ (Вардар). з