Преку цртежи и поезија зборуваат за начините за решавање на проблемите

180

„Што ми помогна да го пребродам проблемот“, ќе биде темата на изложбата која ќе се оджина 27 мај, 2019 година со почеток во 19 часот, во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Целта на оваа изложба е преку анонимни творби отворено да се споделуваат проблеми намладите и начините на кои тие се справуваат со нив.

Изложбата е во организација на младинската иницијатива S.H.A.R.E. (Speak Honestly And Resolve Everything) кои ја покренаа десетина средношколци од гимназијата „Орце Николов“, во рамки на проектот „Вклучи се за промена” од здружението „Лидери за едукација“, активизами развој (LEAD) и Агенција за млади и спорт.

На овој отворен настан ќе бидат изложени фотографии, цртежи, поезија и други форми на изразување, преку кои младите ќе го презентираат својот начин на соочување и решавање на проблемот.

Сите пристигнати творби на изложбата ќе бидат анонимни, за да се стави акцент на начинот на соочување и решавање на проблемот, наместо на личноста која се соочувала со истиот.

Организаторите на изложбата младинската иницијатива S.H.A.R.E. ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ја посетат.

Изложбата „Што ми помогна да го пребродам проблемот“, што ќе се одржи во понеделник на 27 мај во гимназијата Орце Николов од 19 часот, е една од активностите што досега ги реализираше младинската иницијатива S.H.A.R.E. Во насока на подигнување на свеста кај младите за поголема грижа за своето метнално здравје и успешно решавање на проблемитесо кои се соочуваат, досега се организирани низа работилници и настани. На нив, младите преку симулации, студии на случаи и други форми работеа на подигнување на свеста за важноста на споделувањето на проблеми но и посетата на стручно лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...