Пендаровски очекува Турција наскоро да го ратификува протоколот за НАТО

537
ФОТО ОД КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп при што двајцата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двет земји и констатирале дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во двете земји, како и за актуелните состојби во регионот.

– Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Република Турција за евроатлантските аспирации на Република Северна Македонија. Претседателот изрази очекување дека Република Турција, како стратешки партнер, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО – се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, се додава, истакнал дека членството на нашата земја во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...