Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе го пропушти дуелот од последното коло во италијанскиот шампионат со Сампдорија.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри соопшти дека му дал одмор на португалскиот репрезентативец.
– Роналдо нема да игра. Тој ќе се одмори пред повикот во националниот тим за кој ќе игра во Лигата на нациите. Ќе биде фер ако дозволиме други играчи да играат – рече Алегри.
Јувентус кој поодамна ја има обезбедено шампионската титула во Италија, утре од 18 часот и гостува на Сампдорија.
ФОТО: Инстаграм