Буфон – трагичарот на ПСЖ

310

Францускиот шампион ПСЖ синоќа претрпе длабок пораз од Реимс, а наголем виновник за таквиот резултат е голманот на „принцевите“ Џанлујџи Буфон.

Италијанската голманска легенда, дури трипати ја извади топката од својата мрежа. Првиот гол го прими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо, а вината му се препишува и за третиот гол поради лоша проценка и излегување до половината на теренот оставајќи го голот на парижаните празен.

Џиџи неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...