Спасовски: Безбедноста во државата стабилна, Фронтекс ќе ни ја чува границата

732

Имаме мирна, стабилна, поволна безбедносна состојба во Република Северна Македонија и очекуваме дека таквиот тренд ќе продолжи и понатаму, оцени минстерот за внатрешн работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Дебар.

Посочи дека следува период на полноправно членство на Македонја во НАТО, нешто што е од историско значење за остварување на нашите национални интереси и оти очекуваме многу скоро отворање на преговорите за членство во ЕУ.

– Едноставно европските стандради ќе бидат дел од нашето живеење а со вложувањата во македонската полиција во обука и во опремување очекуваме навистина да јакне и можноста за зголемување на безбедноста во државата и со тоа да прдонесеме и за безбедноста на регионот – нагласи Спасовски.

Тој зборуваше за добрата соработка со полициите односно министерствата за внатрешни работи не само од соседните земји туку и земјите од ЕУ.

– Ние во последните неколку годни имаме многу зајакната меѓународна соработка не само со наште соседи, туку со сите полиции од регионот, со сите минстертства од регионот, меѓутоа и одлична соработка со земјите членки на ЕУ. Генерално има многу безбедносни предзвици кои што стојат пред нас, пред се, тероризмот, миграцијата, транснационалниот крминал, органзираниот криминал, корупцијата, сето тоа бара заеднички пристап – рече мнстерот Спасовски.

На прашањето на МИА Спасовски потврди дека и нашата земја се наоѓа меѓу земјите од Западен Балкан каде наскоро ќе патролираат припадници на Фронтекст, како што најави извршнот дректор на европската агенција.

– Македонија беше прва држава, која што усогласи договор со Агенцијата за крајбрежна и гранична стража, т.н. Фронтекс. Ние го парафиравме тој договор и јас очекувам дека наскоро еврокомесарот за внатрешна политика и безбедност ќе даде термин во кој што ќе го потпишеме договорот и при тоа ќе пристапиме кон негова реализација. Од 2015 до денес нашата јужна граница се обезбедува од македонските полицајци заедно со полицајци од неколку држави преку билатерални договори. Ние работиме заедно со полицајците од Чешка, од Словачка, од Полска од Унгарја, од Австрија, Словенја, Хрватска и од Србија. Сакаме после потпишувањето на овој договор во рамките на мисијата на Фронтекс повотрно заеднички да ја обезбедуваме гранцата. Тоа е добро од два аспекта. Еден апсект што сите заедно ќе учествуваме да ја заштитиме границата и да спречиме нелегални актвности на границата. Од друга страна преку една ваква заедничка операција практично многу брзо да се добиваат информации од нашите европски партнер од ЕУ за тоа како и на кој начин се однесува македонската полција. Ние покажавме едно силно партнерство, еден капацитет на македонската полиција дека знаеме да бидеме добри партнери кога станува збор за регионалната и глобалната безбедност и токму во тие рамки очекувам да продолжиме – посочи Спасовски.

Тој, исто така, оцени дека нема состојба во која би можело повторно да се отвори проблемот со мигрантите заради тоа што, пред се, договорот помеѓу Македонија, односно ЕУ и Турција, функционира.

– Меѓутоа ние мораме да бидеме подготвени во секој еден момент заради тоа што миграцијата не е процес што е запрен и не е процес кој што можеби не може да добива на интензитет. Македонија покажа дека може успешно да се справува со мигрантската криза, покажа дека има капацтет да се справи со состојби бидејќи ако знаеме дека над милион мигранти поминале низ територијата на оваа наша мала држава тоа покажува дека навистна имаме сериозен капацитет за справување со состојбите и токму затоа ние сме секогаш и во секој момент подготвени за кој било предизвик, па и за предизвикот со миграцијата – рече минстерот Спасовски кој денеска во Дебар приствуваше на активноста „МВР за граѓаните“.

Тој уште еднаш посочи дека денешната активност е „силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и на безбедноста, подготвена во секој поглед да ги заштити и граѓаните и Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...