Во „мерцедес“ биле откриени тројца мигранти во штипско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Ноќеска по полноќ, во 03.15 часот на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред
село Лакавица, штипско, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот С.Р. од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја. Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.