Уапсени три лица за трговија со човечки органи во Косово

253

Косовската полиција соопшти денеска дека упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.

– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација – се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...