По Мадона, критики и за настапот на Спајс грлс (ВИДЕО)

1124
Photograph: Andrew Timms/PA

По критиките за настапот на Мадона на Евровизија во Тел Авив, фанови незадоволни и од лошиот настап на Спајс грлс.

По социјалните мрежи има голем број на негативни коментари.

„Нешто не е во ред со публиката на концертот на Спајс грлс, сите седат бидејќи немаат поим која песна се изведува оти озвучувањето е толку лошо“ е само еден од коментарите.

Мелани Браун им се заблагодари на сите што биле на концертот и призна дека настапот не бил како што треба.

– Ќе се видиме во Кардиф. Се надевам вокалите и озвучењето ќе бидат подобри – напиша таа.

Бендот од деведесетите го отвори концертот со „Добредојдени се лица од сите возрасти, раси, родови идентитети, земји, сексуални ориентации, религии и верувања, можности“.

– Добредојдовте во зачинетиот свет. Зачинети девојчиња, зачинети момчиња, сите сте добредојдени. Сакаме секој од вас да се чувствува посебно вечерва. Како крал или кралица, ние прославуваме за вас. Но морам да кажам, тука се многу кралици вечерва – изјавила Гери Хорнер, пренесува „Гардијан“.

Спајс грлс се вратија на сцената, но без Викторија Бекам.

ФОТО: Andrew Timms/PA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...