Хорор, ја полил сопругата со бензин и ја запалил

1608
ФОТО: Курир.рс / С.У.

Трагедија се случила синоќа во местото Мол кај Бачка, кога 58-годишник ја полил сопругата со бензин и ја запалил, а потоа се обидел да се самоубие.

Како што дознава „Курир.рс“, мотивот за убиството најверојатно била љубомора.

Убиецот прво ја полил жената со бензин, а откако ја запалил сакал да го изгасне огнот, но не успеал во тоа. Потоа се обидел да се самоубие себеси со 20 дози инсулин, бидејќи бил дијабетичар.

Телото на несреќната жена, родена во 1972 година, било пронајдено без живот. Нејзиниот сопруг бил во критична состојба и лекарите се борат за да го спасат.

Наводно, во семејството претходно немало пријави за насилство.

ФОТО: Курир.рс / С.У.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...