Трамп во посета на Јапонија – Голф, сумо и Трамп куп

56
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Под закана од американски царини за автомобили, Јапонија се подготвува да го дочека в недела во официјална посета американскиот претседател Доналд Трамп.

Според американски медиуми, на Трамп му се подготвува „шарм офанзива” што ќе го подигне неговото его.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе оди со Трамп на голф, а потоа и на сумо натпревар, каде што Трамп ќе му додели на победникот „Трамп куп” направен во САД.

„Во сите земји во светот, јас сум почесен гостин на најголем настан што го имаа во последните 200 години”, рече Трамп.

Тој ќе биде првиот странски лидер кој ќе се сретне со новиот јапонски цар Нарухито.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...