СВР Тетово поднесе кривична пријава против 18-годишниот А.З. од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.
– Во периодот од 11.02.2019 година до 07.03.2019 година на подрачје на Тетово, пријавениот, извршил тешки кражби во возила и одземал делови, пари и разни предмети, а во Клинички центар – Тетово со употреба на сила влегол внатре и одзел пари и лекови – стои во полицискиот билтен.