Суд во САД блокираше изградба на ѕидот кон Мексико

92
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Суд во САД нареди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане да ги користи парите од фонд на Министерството за одбрана за изградба на ѕид на американската јужна граница со Мексико.

Судот смета дека Конгресот на САД не дал „специфична” дозвола на администрацијата да ги искористи парите за изградба на граничен ѕид.

Со одлука на судот, Администрацијата Трамп повеќе нема да може да ја користи милијарда долари што е доделена од Фондот за Министерството за одбрана. Одлуката се однесува на два дела на ѕидот – во Њу Мексико, 74 километри, а во Аризона, осум километри.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...