Фејсбук лансира своја криптовалута

392
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Фејсбук го финализира планот за лансирање своја криптовалута за следната година.

Тие имаат намера до првиот квартал на 2020 година, да воспостават систем за дигитално плаќање во десетина земји, а до крајот на оваа година ќе започне со тестирање на својата криптовалута, интерно наречена – ГлобалКоин (GlobalCoin).

Се очекува Фејсбук летоска детално да ги претстави плановите, а основачот, Марк Закерберг, веќе разговараше со гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни.
Двајцата разговарааминатиот месец за можностите и ризиците одпокренуавње криптовалута, а Фејсбук, исто така, побара од американското Министерство за финансии да даде совети за оперативни и регулаторни прашања.
Фејсбук исто така преговара со компаниите за трансфер на пари, вклучувајќи го и Вестерн јунион, бидејќи бара поевтини и побрзи начини за испраќање и примање пари на оние кои немаат банкарска сметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...