На Богородица и Табановце се чека по половина час

94

На граничните премини Богородица кон Грција и на Табановце кон Србија за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, соопштуваат од АМСМ.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути“, се наведува  во соопштението од АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...