Полицијата вчера открила петмина мигранти во Пакистан кај Неготино кои се превезувале со возило со струмички регистарски ознаки.
„Вчера во 16.40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти. Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти, по што возачот го стартувал возилото и се исклучил на клучката кај Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје“, информираат во полицискиот билтен.
За случајот е известен јавен обвинител.