Французинка од 102 години осомничена дека ја задавила цимерката во старечки дом

449

Француското обвинителство денеска отвори истрага за убиството на 92-годишна жена во старечки дом во северна Франција, а за злосторот осомничена е нејзината 102-годишна цимерка, која е префрлена во психијатриска болница.

Обдукцијата покажа дека старицата била усмртена со давење и добила неколку удари по глава.

Нејзината 102-годишна цимерка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата и поради тоа била префрлена во психијатриска болница. Извори од болницата велат дека старата жена во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.

Обвинителството соопшти дека истрагата е отворена, но се чекаат психијатриските наоди пред  евентуалното покренување на постапката против стогодишнината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...