Мицкоски ќе учествува на лидерската средба за името по Велигден

239

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека премиерот Зоран Заев и неговата партија се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името со Грција, но потврди дека ќе учествува на лидерската средба во врска со ова прашање по Велигден.

– Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на пет страни и тоа го разбрав од медиумите – кажа Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...