Заев – Марковиќ: Односите меѓу двете земји имаат светла перспектива за развој на економските односи (ВИДЕО)

279

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, како дел од програмата на дводневната официјална посета.

Двајцата премиери потоа одржаа тет-а-тет средба на која разговараа дека традиционалните пријателски односи меѓу двете земји имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план на стопанствениците на Северна Македонија и Црна Гора.

Премиерот Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за Претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.

Двајцата премиери со силно одобрување и надеж ја очекуваат заедничката седница меѓу владите на двете земји, и посебно резултатите од Бизнис Форумот во организација на стопанските комори на Северна Македонија и Црна Гора.

Според програмата на првиот ден од официјалната посета на делегацијата на Владата на РСМ, премиерот Заев ќе оствари средби и со  Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и од Претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...