Комисијата за Лиценцирање на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци на клубовите во Првата македонска фудбалска лига, за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020.
Со лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во следната сезона се стекнаа: Академија Пандев, Беласица, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс
По донесените одлуки, ФК Вардард АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, која ја разгледа и истата ја одби како неоснована, со што ја потврди одлуката на Комисија за лиценцирање, како конечна.