На подрачјето на СВР Тетово вчера била спроведена зајакната акциска контрола во сообраќајот, при што биле откриени вкупно 96 прекршоци (ТЕ-47 и ГВ-49). Притоа, било утврдено дека 14 лица ги управувале возилата без положен возачки испит (ТЕ-7 и ГВ-7), 11 возила (ТЕ-8 и ГВ-3) биле нерегистрирани, 17 непрописно паркирани (ТЕ), додека 16 возила, односно возачи не почитувале првенство (ТЕ-6 и ГВ-10). За овие прекршоци поднесени се 47 прекршочни и 49 мандатни платни налози.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 22 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 381 возачи, од кои 10 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, брзината ја надминале девет возачи, а 17 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.