Костадинов: Да бев Крсто Мукоски ќе поднесев оставка

1140

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, по денешната оставка на пратеникот Павле Богоевски рече дека ако бил на местото на Крсто Мукоски за да покаже морал и етика досега ќе поднел оставка.

Костадинов побара морална одговорност и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и глас за одземање на мандатот на Груевски.

Пратеникот Мукоски беше дел од групата која се гонеше за настаните во Собранието од 27 април, а на снимките се виде дека токму тој и ги отвори на толпата вратите од законодавниот дом.

Подоцна, како што потврди и премиерот Зоран Заев, во замена за неговиот глас за промена на уставното име доби амнестија заедно со повеќе пратеници, додека една група беше осудена на повеќе од 200 години затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...