Заев се надева дека ќе соработува со Богоевски и во иднина

737

Оставката на пратеникот Павле Богоевски е храбра одлука и значи понесување одговорност, оцени премиерот Зоран Заев, кој се надева на идна соработка со Богоевски.

– Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам. Верувам, како и да одлучи да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки – рече Заев.

Во однос на одземањето на мандатот на избеганиот пратеник Никола Груевски, кој веќе 6 месеци е отсутен од работа, тој додаде:

– Овде имаме чист случај. Најмалку што треба парламентот да направи е да донесе принципиелна одлука. Тоа не значи дека неговите од ВМРО-ДПМНЕ му мислат лошо или му се непријатели. Јасно ми е дека треба двотретинско мнозинство и тоа им го должиме на граѓаните – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...