Артан Груби, пратеник на ДУИ, ја поздрави одлуката на неговиот колега Павле Богоевски да поднесе оставка.
– Изразувам жалење за состојбата на блискиот член на семејството и му посакувам брзо оздравување – рече Груби и му посака успех на Богоевски за во иднина.
Во врска со предложениот проект ветинг, Груби рече дека и членови на ДУИ кои се на јавни функции ќе поднесат оставка ако не ги поминат филтрите.