Пендаровски: Именувањето на Муслиу позитивно е оценето од партнерските служби

1239

Претседателот на државата Стево Пендаровски нема да го смени директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, бидејќи анализите покажале дека тој е врвен професионалец.

Ова е одговорот од Кабинетот на Пендаровски за Плусинфо, на барањето на партијата на Али Ахмети претседателот да го пресипита именувањето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.

– Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање. По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји – велат од Кабинетот на Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...