Турист на интернет со сметка од Миконос и коментар да се избегнува овој ресторан

2936

Турист од САД во ресторан на грчкиот остров Миконос платил 836,20 евра за три салати Цезар, шест порции лигни, шест големи локални пива, две води и еден сок од домати, а сметката ја објави на Трипадвајзор со коментар да се избегнува конкретниот ресторан, јави дописничката на МИА од Атина.

Според сметката, три Цезар салати чинат 59,40 евра, шест порции лигни 591 евро, шест големи локални пива 150 евра, две шишиња вода 17,80, а сок од домати 18 евра.

Американскиот турист во коментарот вели дека персоналот на ресторанот одбива да обезбеди мени и цени.

Објавената сметка и коментарот на американскиот турист е вест во грчките медиуми, кои ја коментираат „гостољубивоста“ на Миконос.

Според другите фотографии од сметки од конкретниот ресторан, што се наоѓа на една од плажите на Миконос, објавени на Трипадвајзор, двојно грчко кафе чини 10 евра, Спрајт, Кока Кола и другите безалкохолни пијалаци по 15 евра, леб 8 евра, големо пиво 25 евра, а 68 евра е чаша вино Просеко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...