Министерството за финансии ќе ангажира посебен советник за макроекономска политика откако неодамна поради приватни причини од местото се повлече Бранимир Јовановиќ.
Според огласот советникот ќе работи на определено време до истекот на мандатот на министерот за финансии.
Основната нето плата на советникот е предвидено да биде 35.679 денари.
Во критериумите за пополнување на работното место треба да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VIII степен економски науки, најмалку 5 години работно искуство во струката, најмалку 3 години работа во меѓународни организации на стратешко планирање и економска проблематика, искуство во изготвување на извештаи и анализи, и да знае англиски јазик.
Министерот за финасии Драган Тевдовски пред една недела соопшти дека за советничкото место веќе е обучен човек од Бранимир Јовановиќ пред неговото заминување.