Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која на дневен ред е расправа за одземање на мандатот на осудениот пратеник и поранешен премиер Никола Груевски, побара да се дополни дневниот ред и да се расправа и за случајот со претседателот на Комисијата, пратеникот Павле Богоевски.
Ова барање го образложи пратеничката Невенка Стаменковска.