Слободан што си ја уби сопругата: Морав да му се осветам на нејзиниот татко (ВИДЕО + ФОТО)

На прашање дали ја убил сопругата поради освета на нејзиното семејство, тој рекол дека не се светел на семејството, ами на нејзиниот татко.

1791
ФОТО: Фејсбук

Триесет и седумгодишниот Слободан Миљуш кој во Лас Вегас ја уби сопругата Звјездана Бенцун го признал злосторството и рекол дека не се кае.

Тој потоа преку видео-линк разговарал со новинарката на каналот Фокс5 и се обидел да објасни зошто сопругата ја претепал до смрт и тоа пред 12-годишниот син.

– Да, ја убив и не се каам ниту малку. Има многу причини за тоа зошто го направив тоа – никогаш не беше дома, не се грижеше за децата, се правев сам. Нејзиниот татко да не го прчеше носот таму каде што не треба, до ова немаше да дојде. Морав да му се осветам. Кога ќе гледа вести, ќе знае зошто – рекол тој.

Кога новинарката го прашала дали е загрижен за својот син кој бил сведок на убиството и го затекнал како лежи покрај неговата крвава мајка, Слободан се расплачил.

– Многу се грижам за него. Сакам ништо да не видеше, но сепак виде. Ништо од ова немаше да се случи ако нејзиниот татко не го ставаше носот за работи за кои не требаше да се меша. Сега децата растат и без татко – рекол тој.

На прашање дали ја убил сопругата поради освета на нејзиното семејство, тој рекол дека не се светел на семејството, ами на нејзиниот татко. Не сакал да зборува за деталите.

Сестрата на жртвата изјавила дека Слободан е монструм и дека лаже. Нејзиниот татко, според нејзините зборови, бил прекрасен човек и им помагал нему и на ќерка си.

Мајката кажала оти Звјездана работела на две места само да ги прехрани нивните деца, а тој бил возач на камион и често на пат.

– Многу работи правеше во Америка, одеше со жени, мојата ќерка сама ги растеше децата. Сакаше развод, а тој стана полош, не можеше да се помири со тоа дека ќе го остави. Кога дошла од работа, ја земал бејзбол палката и и ја смачкал главата – опишала таа.

За трагедијата се огласил и пријателот на жртвата, колегата Џеремаја Хамилтон.

– Таа сакаше да биде што подалеку од него. Некогаш ги носеше и децата на работа. Знам дека имаше постапка за развод – додал тој.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...