Нимиц за Дојче веле: Требаше да го напишам Преспанскиот договор на кинески

1473

Американскиот дипломат Метју Нимиц во разговор за Дојче веле открива што го мотивирало да истрае во долгогодишниот спор за името, кои политичари му оставиле впечаток и каде го јадел најдоброто јагнешко.

– Честопати си мислам дека ако бев паметен ќе го напишев договорот (од Преспа, н.з.) на кинески јазик, затоа што кинескиот е официјален јазик на ОН. Доколку го напишевме договорот на кинески, ќе ги немавме сите овие проблеми. Никој во Грција или Северна Македонија немаше да разбере што содржи тој – вели Нимиц.

Денес признава дека постојано се мачел со користење на официјалното име „поранешна југословенска Република Македонија“.

Во изминатите 20 години, откако беше именуван за посредник на ОН во спорот од страна на поранешниот генерален секретар на светската организација Кофи Анан, Нимиц работеше за еден долар годишно. Симболична сума на пари кои, патем, никогаш не ги добил.

– 20-те долари никогаш не ми ги исплатија, ама барем редовно ми ги плаќаа патните трошоци – се шегува Нимиц.

Тој оценува дека Груевски никогаш не бил подготвен да го направи последниот чекор.

– Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу заглавени во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорсокак – вели тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...