Мајка и близначки пронајдени мртви во Виена, се разгледуваат неколку случаи (ВИДЕО)

1459
ФОТО: Принтскрин

Полицијата пронашла три тела во стан во Виена, пишува „ОЕ24“. Во станот живееле 45-годишната Весна со потекло од Србија и нејзините 18-годишни ќерки.

Вратата морале да ја скршат пожарникари и полицајци по повик од загрижена жена, која подолго време не можела да стапи во контакт со нив.

Близначките наводно биле со инвалидитет, а пронајдени се мртви на каучот. Нивната мајка била пронајдена во ходникот. Иако засега нема траги од насилна смрт, полицијата и натаму го истражува случајот.

Весна неколку пати бегала од насилниот маж и била самохрана мајка.

Соседите за неа рекле оти била психички болна. Според нив, никој не доаѓал да го посети семејството.

Весна и нејзините деца ретко биле видени, но затоа често се слушале викотници од станот. Можно било Весна да ги отрула ќерките со таблети, а потоа и самата себе. Но, постои можност таа да паднала и да починала, па близначките да умрат од глад.

Австриските медиуми велат дека е можна втората опција бидејќи во станот не биле пронајдени никакви траги од храна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...