Луѓето кои се брзи во одењето не само што од едно на друго место стигнуваат за пократок период, но според нова студија, имаат и подолго време на располагање за да стигнат таму каде што посакуваат да бидат.
Според оваа студија, брзите луѓе имаат подолг живот од оние кои се движат побавно.
Од 475,000 учесници, оние кои оделе побрзо живееле од 86.7 до 87.8 кај жените и 85.2 до 86.8 години кај мажите. Од друга страна, лицата кои кажале дека одат побавно имале пократок живот: во просек, 72.4 за жените и 64.8 години за мажите.
– Луѓето треба да бидат свесни за своето одење, побавните треба да пробат да одат побрзо – рекол професорот Том Јејтс, главниот автор на студијата.