Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините за натпреварите од четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.
Победниците од овие натпревари ќе се пласираат на Ф4 турнирот, што ќе се одржи на крајот од мај во Келн.
Актуелниот европски шампион Вардар за пласман ќе се соочи со германски Кил. Првиот натпревар се игра во Германија на 22 април од 17 часот, додека реваншот во Скопје е закажан на 29 април исто така со почеток од 17 часот.
Термини за четвртфиналната фаза:
Први натпревари
18 април: Флензбург – Монпелје
21 април: Кјелце – ПСЖ
22 април: Кил – Вардар
22 април: Нант – Скјерн
Реванш натпревари
28 април: ПСЖ – Кјелце
29 април: Скјерн – Нант
29 април: Вардар – Кил
29 април: Монпелје – Флензбург.