Јутјуб проблематичен, корисници се жалат поради некоректна работа

183

Корисниците на еден од најпопуларните интернет страници – ЈуТјуб – пријавија за проблеми при користењето од ноќеска. Тоа го потврди и сајтот Даундетектор (Downdetektor), кои следат работа на популарните интернет ресурси.

Пораките почнале да доаѓаат кратко време по 2 часот утрово.

Корисниците најчесто се жалат на проблемите со вклучување содржини (73 проценти). Уште 14 отсто не можат да се најават на свој акаунт, додека други 12 отсто пријавуваат некоректна работа на страницата.

Проблемите на ЈуТјуб се забележуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги САД, Украина, Јапонија, Франција, Русија, Германија, Велика Британија, Бугарија и Романија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...