Нашите ученици следат помалку настава од словенечките, следи реформа и во предавањата и во испрашувањето

Тоа ќе го направиме преку три чекори: користење податоци, зацврстување на системот за квалитетно подучување и преку зацврстување на делот на испитувања, како и процена на учениците, процена на нивните резултати и на она што го постигнуваат и колку тоа ќе биде корисно во иднина за пазарот на труд, рече Перкс. 

449
Владата е посветена на спроведување реформи во образованието кои се исклучително важни за обезбедување квалитетен живот на младите, поттикнување и зголемување на економскиот развој и раст на нашата севкупна економија, изјави попладнево премиерот Зоран Заев пред почетокот на јавната расправа за квалитетно образование.
– Во програмата за работа на Владата ветивме дека нема да воведуваме избрзани и нефункционални проекти, туку мерките и реформите во образованиот процес ќе ги носиме преку одржување јавни дебати со сите засегнати страни, рече Заев, додавајќи дека јавно ќе разговараат за интересите на учениците, професорите и родителите.
Најави дека ќе разговараат за германското искуство, спроведувањето на системот на дуално средно стручно образование со што, како што рече, се обезбедува практично, применливо знаење на учениците и се добива квалификуван и корисен кадар, конкурентен на домашниот и странскиот пазар на трудот.
Премиерот посочи дека преку Министерството за образование и нака ќе продолжат со јакнење на стручното усовршување на сите наставници и стручните соработници за инклузивното образование. Според него, за посветено, максимално и навремено да се работи на реформите во образованиот процес потребно е да се вклучат сите, МОН, Бирото за развој на образованието, директорите, ректорите, деканите…
Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека имаат анализа што е подготвена од Организацијата за економска сорботка и развој (ОЕЦД) и УНИЦЕФ со конкретни препораки и активности што треба да ги преземат како институција.
– Анализата се осврнува на повеќе мерки. Се сугерира да нема намалување на бројот на часови за учениците, бидејќи споредбено во нашата држава учениците следат помалку настава од нивните врсници од Словенија и од земјите на ОЕЦД. Како сугестија е дека не треба да има рангирање на училиштата, рече Адеми. Додаде дека веќе е подготвен Нацрт-законот за основно образование, подготвен е Нацрт-законот за наставници и стручни соработници во основни и средни училишта и Законот за обука и испит на директори во основни и средни училишта.
Претставникот на УНИЦЕФ во нашата држава, Бенџамин Перкс, рече дека заедно со Владата и со Министерството заклучиле дека ситуацијата во образованието во изминатите 15 години само се влошувала. Информира дека имаат сеопфатна анализа за тоа како да се решаваат предизвиците и додаде оти ја поддржуваат Владата и сите институции во спроведувањето на реформите во образовниот систем.
– Тоа ќе го направиме преку три чекори: користење податоци, зацврстување на системот за квалитетно подучување и преку зацврстување на делот на испитувања, како и процена на учениците, процена на нивните резултати и на она што го постигнуваат и колку тоа ќе биде корисно во иднина за пазарот на труд, рече Перкс.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...