Втор ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста. Договорените тендери се одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата која не нуди ништо освен лаги, измислици и непостоечки случаи, соопштија од СДСМ.
Град Скопје и официјално ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски, тврдат од оваа партија.
На јавен повик за јавна набавка на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи.
ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.
ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици.