Приштински медиуими: Косово сака да ѝ воведе царини и на Албанија

777

Претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака, тврди дека Приштина најавила дека ако Албанија не ги отстрани пречките за извоз на брашно, пиво и компири од Косово во следните два месеци, за Тирана ќе воведе 100 отсто зголемени царини за албанските производи.

Според весникот Газета Експрес, таков развој на настаните имало вчера на состанок за трговски олеснувања за Приштина.

Сепак, наместо договор, дошло до речиси ултиматум со закана за трговска војна, каква Приштина наметна на Белград на 21-ви ноември минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...