Ограбени два манастира

274

Во штипската полиција Ѓ.Н.(65) од село Карбинци било пријавено дека непознат сторител го ограбил манастирот Света Петка во атарот на село Калузлија. Истата вечер била пријавена кражба и на манастирот Свети Илија во село Аргулица, општина Карбинци.,

– Сторителот насилно влегол во манстирот Света Петка и одзел пари.  Истовремено тешка кражба е извршена и во манастирот Свети Илија во село Аргулица. Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...