НЛБ Банка воведе нов продукт за правни лица – Бизнис долгорочен денарски продукт со намалена каматна стапка и без провизија за одобрување во периодот до 30.06.2019 година.
Во промотивниот период сите нови корисници кои ќе аплицираат за Бизнис долгорочен денарски кредит можат да ги искористат следниве поволности: НРКС + 2,2% – 3,35% и без провизија за одобрување за примени апликации до 30.06.2019
Бизнис долгорочен денарски кредит е наменет за сите правни лица кои бележат позитивни финансиски резултати од работењето и имаат потреба за дополнителни средства за инвестиции, трајни обртни средства, рефинансирање на изложеност од друга Банка.
Дополнителни информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15-600 или на www.nlb.mk