Протестот на студентите пред Министертвото за образование во Тирана мина тензично, со кршење прозорци на објектот и фрлање димни бомби.
Според организаторите на протестот тие имаат 14 барања до министерството и денеска доставиле пет од нив за кои нема преговарање.
Тоа се укинување на Законот за високо образование, квалитетно образование за сите млади преку обезбедување на финансиска поддршка за двата студиски циклуси, рангирање на програмите според најдобрите современи модели, поголема застапеност на студентите во раководните структури на Унверзитетите, како и вистинска автономија на високообразовните институции.
– Ова е симболичен протест, но и порака што треба да преземе Министерството за образование за да ги исполни барањата, бидејќи утре ќе бидеме многу повеќе и нема да седиме како во декември – порачаа студентите.
Во декември минатата година, студентите започнаа големи протести пред Министерството, кои траеја до февруари,со кус прекин за време на новогодшните и божиќните празници. Тие бараа пониски тарифи и подобрени услови на универзитетите и студентските домови.
На протстот на студентте им се приклучија и рудари.
ФОТО: МИА