Некогашната Плејбој зајачица Памела Андерсон се најде на насловна на чешкиот „Вог“, што е прв пат 51-годишната холивудска актерка да се фотографира за некој женски магазин.
На фотографијата таа е облечена како во шеесетите и покрај неа пишува „Кој сака да ја убие Памела Андерсон?“, по чешкиот филм во кој се вели „Кој сака да ја убие Џеси?“, пренесува „Дејли мејл“.
Во интервју за „Вог“, Андерсон зборувала за нејзиниот пријател, неодамна уапсениот Асанж, американскиот претседател Доналд Трамп и за правата на животните.
– Секоја девојка сака да биде секси. Бидете внимателни кому покажувате слабост, бидејќи поединци едвај чекаат да го искористат тоа против вас – кажала таа.
ФОТО: Инстаграм