По 50 години средното хемиско со нова стаклена фасада

442

Средното училиште „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година, информира Град Скопје.

Со оваа реконструкција „Марија Кири Склодовска“ по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетско ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа. Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува  44.840.000 денари со вклучен ДДВ – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Минатата година 11 средни училишта на Град Скопје добија енергетско ефикасни фасади, а во скоро сите училишта на Град Скопје беа реализирани реконструктивни зафати согласно со нивните потреби. Во седум средни училишта, пак, беа направени тоалети за лицата со посебни потреби и беа обележани паркинг-места за лица со посебни потреби во секое училиште каде што имаше можност за тоа.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...