Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена должност и овластување за службени и одговорни лица и за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје, кои учествувале во постапка за вработување.
Како што појаснија од Антикорупциска, Јордан Тасевски, внук на Панчевски, е примен на работното место помлад судски соработник, иако воопшти не бил пријавен односно меѓу пријавените 155 кандидати.
– Панчевски ги надминува неговите надлежности. Тоа е незаконско постапување. Не е во прашање повеќе непотизам, туку злоупотреба на службена должност – изјави Катица Николовска, член на ДКСК, која го образложи предметот.