Во Казнено-поправната установа, затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, донирана и поставена е фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор на затворениците, соопшти директорот на затворот, Ѓоко Котевски.
Фитнес опремата и реквизитите за рекреација се донација произлезена од соработката со фирмата „МСА Компани“ ДООЕЛ Скопје.
– Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание, како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација – рече Котевски.
Тој најави дека за брзо време ќе почнат со курсеви за компјутерски вештини за осудените лица. За почеток ќе има основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни.
Во затворот комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатската комора на Македонија.